(се) башарат
Вид збор: Глагол, свршен
Се излежува, се шири, се расположува.
Примери:
Не ги оставам да ми се башарат туѓи деца на моето огниште.
веат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шири, се разлева, се разнесува
Примери:
Силно го удри в лице студен, мемлив воздух што вее од ѕидовите на старите куќи без сонце.
владеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се шири, е раширен, присутен, царува.
Примери:
Чуден немир владее со мене.
водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се протега во определен правец, до некое место.
Примери:
Го позна сокакот што водеше за дома.
Вид збор: Глагол, несвршен
За миризба - се шири, се разлева.
Примери:
Од кафеанчето доаѓаше мирис на топли погачи.
досегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се простре, се протегне до нешто.
Примери:
Погледот му досегна далеку.
држат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се простира, опфаќа нешто.
Примери:
Неговиот имот држеше од ридот, па сè до реката.
идат
Вид збор: Глагол, несвршен
Влегува, се разнесува, се шири, доаѓа до нашите сетила.
Примери:
Светлина идеше низ малечкото прозорче.
Вид збор: Глагол, свршен
Намачка многу, во голема количина.
Примери:
Изнамачка путер на сите лепчиња.
интернационализира
повеќе
интернационализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се интернационализира) Стане, станува интернационален; доби, добива меѓународен карактер.
Албански:
ndërkombëtarizohet
Примери:
Конфликтот многу бргу се интернационализира.
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нуди, шири непроверени информации.
Примери:
Колпортира гласини.
масовизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Hаправи, прави нешто да стане масовно.
Примери:
Спортот го масовизираа и кај нас.
мачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покрива нешто со тенок слој течност или каша.
Примери:
Мачка путер на лебот.
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие нешто со слој од маст или од густа течност.
Примери:
Намачка путер и мармалад на лебот.
носат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се носи) За глас, песна - се слуша, одекнува.
Примери:
Од градот се носеше замрена врева.
(се носи) За мирис - се шири.
Примери:
Во собата се носеше остра миризба на дуњи.
облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се облегне) Се испружи, легне на нешто.
Примери:
Децата се облегнаа на снегот.
отворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отвори) Се шири, добие нова димензија.
Примери:
Кога се искачивме на ридот, пред нас се отвори едно широко поле.
(се) пасладисаат
Вид збор: Глагол, свршен
се испружува, се простира
плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
шири
Примери:
Тој злоба од себе плиска.
Вид збор: Глагол, свршен
(се подрашири) Се рашири во просторот малку, донекаде.
Примери:
Кругот околу огнот се подрашири.
(се подрашири) Се рашири по обем малку, донекаде.
Примери:
Болеста се подрашири и на соседните села.
поминат
Вид збор: Глагол, свршен
За глас, вест - се рашири на повеќемина или повеќе места.
Примери:
Веста помина од уста на уста низ целата чаршија.
понесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се понесе) За звук - брзо рашири, се разнесе.
Примери:
Насекаде се понесе милозвучната песна на птицата.
популаризира
повеќе
популаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изложи, излага во популарна форма.
Примери:
Во тој период се јавуваат книги што ги популаризираат научните вистини.
Вид збор: Глагол, свршен
Развие, рашири нешто во мала мера, во некоја степен.
Примери:
Следната година ја поразграни својата дејност.
(се поразграни) Се развие, се рашири во некоја мера.
Примери:
Фирмата брзо се ширеше и се поразграни во повеќе сектори.
Вид збор: Глагол, свршен
Размачка малку или уште малку.
Примери:
Таа го поразмачка џемот на леб и седна да јаде.
Размачка на повеќе места, насекаде.
Примери:
Поразмачкај ја бојата на ѕидот и остави да се исуши.
посипат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок).
Примери:
Дворот беше посипан со ситен дробен камен.
посолат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрие некаква површина со нешто ситно.
Примери:
Белата брада на старецот беше посолена со жолта прав.
постелат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа.
Примери:
Подот го послаа со раскошен килим.
потечат
Вид збор: Глагол, свршен
За зборови, чувства, мисли, мирис - почне да се шири на сите страни.
Примери:
Низ отворената врата потече светлина.
пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
За болест - направи да премине на друг, зарази.
Примери:
Ми ја пренесе неговата болест.
пронесат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошири, разнесе глас.
Албански:
përhapet, zgjërohet
Примери:
Сите телевизии ја пронесоа веста за големиот шумски пожар.
(се пронесе) Се прошири, се разнесе глас.
Албански:
përhapet, zgjërohet
Примери:
Се пронесе глас дека печалбарите стасале.
проникнат
Вид збор: Глагол, свршен
За вест прошири.
Примери:
Веста за случката проникна насекаде.
Вид збор: Глагол, несвршен
Постила на некој простор, најчесто како легло.
Примери:
Тој простира на подот една рогозина и на неа спие.
Стави алишта, ткаенини да се сушат.
Примери:
Жената ги простираше белите чаршафи на жиците во дворот.
(се простира) За власт, влијание - дејствува на некоја територија.
Примери:
Неговата власт се простирала сѐ до морето.
прострат
Вид збор: Глагол, свршен
Рашири за да покрие поголем простор.
Примери:
Простре слама по подот и сите исполегнаа.
(се простре) Се протега на некоја површина.
Примери:
По реката се прострела густа магла.
протегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се протегне) Обично за простор.
Примери:
По падините на планината се протегнал шумски појас.
прошират
Вид збор: Глагол, свршен
За болест, зараза - пренесе на повеќе луѓе.
Албански:
zgjëroj, përhap
Примери:
Болеста ја проширија заразените животни.
разбликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се рашири со голем интензитет.
Примери:
Жеже, светлината разблика под топлото сонце.
разбликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се рашири со голем интензитет.
Примери:
Омразата му беше разбликнала по целата снага.
разбранат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разбрани) Се пренесе како бран, се рашири.
Примери:
Немирот не само што нѐ секна туку и се разбрани.
развијат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи, разјасни нешто.
Примери:
Не можеше да ги развие своите мисли.
разгодат
Вид збор: Глагол, свршен
Разреди, раздели на повеќе страни, распореди.
Примери:
(нар. поез.) Разгодивме, мале, јунаците / каде двајца, мале, каде тројца.
разгранат
Вид збор: Глагол, свршен
развие, рашири
Примери:
Ја разграни добро работата.
разгрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Широко отвори, раствори.
Примери:
Со разгрнати раце.
разлеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлее) Потече во разни правци, се разнесе.
Примери:
И мелодијата се разлеа во ноќната тишина.
Вид збор: Глагол, свршен
Стави со мачкање тенок слој врз некоја површина.
Примери:
Треба да ја размачкате бојава.
разнесат
Вид збор: Глагол, свршен
распространи, рашири
Примери:
Болеста брзо се разнесе.
(се разнесе) За слух, вест - се рашири, се распространи.
Примери:
Неверојатно е колку брзо се разнесе веста.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распливнат
Вид збор: Глагол, свршен
растури, се растури
Примери:
Се распливна маслото.
Направи нешто да стане нејасно, неопределено; стане нејасен, неопределен.
Примери:
Многу се распливна во подробности.
Вид збор: Глагол, свршен
Постеле нешто нашироко.
Примери:
Жената ги распосла килимите.
распостелува
повеќе
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
распространи
повеќе
распространат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи пространо или уште попространо.
Примери:
Ги распространи границите на земјата.
Рашири по опсег.
Примери:
Ја распространи својата власт и својата волја.
(се распространи) Стане пространо или уште попространо.
Примери:
Да се распространи царството твое.
(се распространи) Се рашири по опсег.
Примери:
Зашто се распространи неговата наука.
распространува
повеќе
Вид збор: Глагол, несвршен
распрострат
Вид збор: Глагол, свршен
Простре нешто нашироко.
Примери:
Жените го распростреа платното.
распространи
Примери:
Многу брзо го распростре своето влијание.
(се распространи) Се простре нашироко.
Примери:
Се распростреа облаците по небото.
(се распростре) се распространи
Примери:
Се распростре неговата слава.
растилаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постила, простира нешто нашироко.
Примери:
Пред нас зеде да го растила платното.
Шири нешто наоколу.
Примери:
Светла убост растилаше.
Вид збор: Глагол, несвршен
расчепат
Вид збор: Глагол, свршен
За нозе, уста - рашири преку мера.
Примери:
Полека, го расчепи детето.
(се) расчујат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л.) Се рашири, се прочуе (глас, вест и сл.)
Примери:
Се расчуло по целиот град.
рашират
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане поопширно.
Примери:
И тие го раширија своето влијание.
За раце, нозе, крилја - отвори ширум.
Примери:
Со раширени крилја.
(се рашири) се распространи
Примери:
Се рашири и верата.
Вид збор: Глагол, несвршен
реат
Вид збор: Глагол, несвршен
Полека разнесува, шири нешто (студ, светлина, миризба).
Примери:
Ветрот рееше есенско студенило.
сејат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шири, распрснува сред луѓе - идеи, гласови; смут, раздор; бацили и сл.
Примери:
Сее непроверени вести.
Вид збор: Глагол, свршен
(се слушне) Се рашири вест, се искаже мислење и сл.
Примери:
Се слушна по радиото.
Вид збор: Глагол, несвршен
спростре
Примери:
Спростира алишта.
(се спростира) се спростре
Вид збор: Глагол, свршен
За облека - разобеси да се суши.
Примери:
Ги спростреа мрежите на сонцето.
постеле
Примери:
Ги спростреле килимите по собите.
Доведе до некој предел, распространи.
Примери:
И таму го спрострел своето влијание.
(се спростре) Заземе некое пространство.
Примери:
Се спростреле ливади.
спружат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спружи) се спростре
Примери:
Се спружил на креветот.
струјат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шири
Примери:
Веднаш почнаа да струјат новите идеи.
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта од себе, распостила.
Примери:
Дрвото фрла сенка.
(се) чепатат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за уста, нозе) Широко отвора, раширува, преку мера.
Примери:
Чепати уста.
шират
Вид збор: Глагол, несвршен
Раствора, отвора широко.
Примери:
Шири раце.